Денес претставник на турската владина организација ТИКА, Ајдин Терчан, генерален советник на Општина Адапазар, Сакарја, со долгогодишно работно искуство и член на генералниот центар на АК партија, беше во посета на нашето село Лабуништа. Во рамки на посетата, оствари средби и изврши посета на ООУ „Мурат Лабуништи“, амбулантата, како и Јавното претпријатие „Хигиена“.
Претставникот на ТИКА најави можност за идни инвестиции и поддршка во областа на образованието, здравството и хигиената. Средбата помина во позитивна и конструктивна атмосфера, со изразена подготвеност за понатамошна соработка и развој на локалната заедница
![]()
![]()