Се известуваат родителите чии деца се родени во текот на 2020 година и до јануари 2021 година, дека почнувајќи од мај 2026 година училиштето ќе започне со запишување на ученици во прво одделение, согласно Законот за основно образование (член 60 и 61).

📌 За точниот ден и време на уписот, родителите ќе бидат дополнително известени преку покана испратена од училиштето.

Родителот е должен заедно со детето да ја приложи следната документација:

Извод од матична книга на родени за детето Лична карта од двајцата родители Потврда од амбуланта за извршено редовно вакцинирање на детето Потврда од стоматолог Потврда од очен лекар-офталмолог или упат за очен лекар 📝 Уписот ќе се врши во просториите на училиштето, од страна на комисија формирана од директорот.

Согласно Законот за основно образование, запишувањето на децата е задолжително.

По извршеното тестирање на предзнаењата на децата, комисијата ќе изврши поделба на учениците по паралелки, а списоците ќе бидат истакнати во училиштето.

📍 Лабуништа 📅 15.04.2026

ООУ „Мурат Лабуништи“ – Лабуништа в.д. директор: Махир Асани

671863174_1520475266538927_4047158260528407225_n.jpg